Дерби на Охрид и Вардар, Радовиш гостува кај Пролет, ракометари на Тиквеш гостуваат кај Струга

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Вечерва се отвара 21. коло од ракометната Суперлига на Македонија со натпреварот меѓу Куманово и Алкалоид, каде тимот на Кирил Лазаров ќе биде повеќе од апсолутен фаворит за триумф.

Останатите пет натпревари ќе се одиграат во сабота.

Дербито на колото ќе се игра во „Билјанини Извори“ каде Охрид ќе се соочи со Вардар, во меч каде фаворит ќе биде Вардар, но Охрид кој сериозно вложува и веќе гради уште поконкурентен тим за следната сезона ќе биде сериозен предизик за Вардар.

Салата ќе биде исполнета до последното седиште со одлична навивачка група, Охрид ќе има голема поддршка и ветер во грб добар резултат против поранешниот двократен европски шампион.

Пролет на домашен терен ќе игра против Радовиш каде домашниот тим ќе биде во предност кога е во прашање фаворитската улога, а новиот тренер на радовишани Игор Котевски ќе бара прва победа како кормилар на тимот кој е последен на табелата и пред кого ќе биде сериозен предизвик да се избори опстанок во Суперлигата.

Шампионот Еурофарм Пелистер како голем фаворит на домашен терен ќе игра против Бутел како голем фаворит и со тоа битолчани да забележа уште една победа.

Струга на домашен терен ќе игра против фаворитот Тиквеш каде гостинот од Кавадарци ќе атакува на триумф за потврда на петтото место и со тоа да пренесе еден бод во плеј-офот.

Александар Ванев, М-Нет