Денес се празнува Св. Сисое Велики, се чествува кај водата во село Карбинци

Светата праволсавна црква денес го празнува светиот испосник и светец Сисое Велики. Овој светец е египјанин по род и бил ученик на св. Антониј, a по неговата смрт Св. Сисое се населил во пустинската гора наречена Антониева. Со тешки маки, страдание над самиот себе се смирил што бил кроток како јагне и затоа Бог му дал благодат да го спасува народот од нечисти сили и да воскреснува мртви. Тој бил жива мудрост за сите монаси и мирјани кои доаѓале кај него, а кога светителот ја испуштил својата душа, целата одаја се исполнила со чуден благопријатен мирис во 429 година. Овој празник во истокот се чествува во село Карбинци кај лековитата вода на истиоимениот празник со измивање од истата и практикување на посен ручек.

Инаку, овој празник не менува дата и секогаш се празнува на 19 јули пред празникот Прокопие и според преданието Св. Сисое во пустината каде престојувал го има пронајдено гробот на Александар Македонски што го додава фактот дека тој е значаен и за историјата.

Лаура Стојанова М-Нет