
Денеска православните христијани го слават Раѓањето на пресвета Богородица. На овој ден во храмовите се служи богослужба, граѓаните ги посетуваат истите со порака за здравје и многу среќа. Таква беше утринава сликата и во црквата во Ново село во Штип каде служеше неговото високо преосвештенство, Митрополитот брегалнички господин Иларион.
Како што истакна Јанев треба да се внимава што и колку да се бара и да се има трпение во молитвите бидејќи Бог знае кога, што и како треба и тогаш ќе ни го даде. Денеска во црквата во Ново село граѓаните ги почитуваа мерките и протоколите за заштита од ковид 19.
„Денес и вчера се служеше, синоќа празнична вечерна богослужба, денес служи неговото високо преосвештенство, Митрополитот брегалнички господин Иларион со повеќе свештеници од нашата епархија. Ете, гледате и вие народот си доаѓа знаејќи дека мајката божја секогаш ги заштитува луѓето поучени од искуството на црквата и од преданието дека мајката мајката божја секогаш ги слуша нашите молитви“ – додаде Јанев.
Ова е празник со постојана дата и секоја година се празнува на 21 септември.
Лаура Стојанова М-Нет