Двете штипски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ административно се спојуваат во една јавна установа, целта е намалување на трошоците

Двете штипски градинки, „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“, административно ќе се спојат во една јавна установа . Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, а за децата и родителите нема да има никакви промени.
Градоначалникот Иван Јорданов вели дека нема да има отпуштања на вработени, туку ќе се менува само начинот на организација. Целта е да се намалат трошоците и градинките да работат поефикасно.

Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип

,,По одлуката за оптимизацијата на трошоците во основното и средното образование во Општина Штип, одлучивме истото да го направиме и во згрижувачката дејност, односно кај детските градини. Поточно за јавноста, сакам да ебалорирам што значи тоа. Во моментот на територија на Општина Штип имам два правни субјекти, две градски градинки и неколку клонови, односно згради каде што се врши згрижувачката дејност. Со оваа одлука остануваат истите клонови, практично дечињата, родителите не се засегнати, туку се прави спојување административно. Од две правни лица во едно правно лице. Што ќе значи тоа, наместо два управни одбора или два директора, наместо двајца сметководителите, наместо две кујни, ќе имаме една кујан, еден директор, еден управен одбор, еден благајкник, со цел намалување на трошоците. Овде не се засегнати ниту вработените, никој вработените нема да остане без работа, туку стратегијата на среден рок е како ќе се пензионираат веќе постоечките вработени, внатрешно да се реорганизираат и да нема внесување на нови вработени на веќе испразнетитите или на во иднина испразнетите работни места. Со тоа ќе се намалт трошоците кои ги имаме во рамки на згрижувачкиот процес, детските градинки, ќе се зголеми продуктивноста и оптимизацијата.“, вели Јорданов

По однос на оваа одлука реакции пристигнаа од ОО СДСМ Штип

„На денешната седница на Совет на Општина Штип, мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со којашто детските градинки Вера Циривири Трена и Астибо ќе се спојат во една, а правниот субјективитет ќе го има детската градинка Вера Циривири Трена, со објаснување дека наводни така ќе се намалеле трошоците.

Неодамна јавноста имаше можност да слушне за скандалот со сомнителни јавни набавки и трошење на парите на граѓаните за потребите на ВМРО-ДПМНЕ во детската градинка “Астибо”.

Иван Јорданов тогаш влезе во улога на истражен орган, апелирајки до институциите да се истражат наводните финансиски нерегуларност, а очигледно денес со оваа одлука сака тие нерегуларности да ги задскрие.“, потенцираа од организацвијата

Инаку, Јорданов дополнително посочи дека овие промени се прават со цел поголема продуктивност, намалени трошоци и одговорно, рационално работење на локалната самоуправа

Иван Митев, М-Нет