
За тоа кој да биде најдобар стрелец во Првата ракометна лига на Македонија борба бодат тројца ракометари. Убедливо на врвот бега Адис Салиу од екипата на Јехона со постигнати 173 погодоци и просек од 9,61 по меч.
На второто место на листата на најдобри стрелци е Давид Јовчевски од тимот на Шампион со постигнати 160 погодоци и има просек од 10 по меч, а пак Илија Пејковски за тимот на Партизан постигна 159 погоди не говиот просек е нешто под девет по меч.
Овие тројца ракометари ќе ја водат борбата за тоа кој да биде најдобар стрелец, бидејќи останатите имаат заостанување во однос на Салиу.
На четвртото место е Даниел Андоновски, искусниот охриѓанец за Младост од Богданци постигна 143 погодоци, петти најдобар стрелец е Христијан Ристевски кој за Преспа има гол помалку односно 142.
Штипски Текстилец може да се пофали со двајца ракометари кои е во топ десет. Јован Атанасовски со 139 погодоци е шести најдобар стрелец во лигата, а пак Филип Џинес е седми со 134 погодоци. Лазар Адамовиќ за Младост има 116 погодоци и се наоѓа на осмото место, Ѓорѓи Орешков е најдобар стрелец на Вардар Неготино со 112 погодоци за деветто место со просек нешто под 6 по меч, а толку има и Михаил Тотиќ кој за Македонија ЃП има исто така 112 погодоци, со просек нешто над пет и пол.
Најдобар просек има Давид Јовчевски од Шампион со 10 погодоци по меч, а пак Адис Салиу од Јехона има просек над девет и пол по натпревар.
Најдобар играч од линијата за седум метри е Илија Пејковски, кој има 89% реализација на шут односно 17 од 19 ободи, а пак Лазар Адамовиќ има 15 од 17 за 88% реализација.
Александар Ванев, М-Нет