
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Г.(31) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 А.Г. остварил влез во Р.С.Македонија и се обврзал на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020 тој не се придржувал на изречените мерки, односно полициски службеници од Полициската станица Виница на магистралниот пат Кочани-Делчево сопреле и контролирале товарно возило „пежо“, управувано од пријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривични пријави против В.Ќ.(44) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 во 23.25 часот на место викано „Јакимовска раскрсница“ во Виница, за време на полициски час, полициски службеници дале знак за сопирање на патничко возило управувано од пријавeниот, но тој не застанал и продолжил со движење, постапувајќи спротивно на одлуката на Владата на Р.С.Македонија за спроведување на полициски час.