Дарко Алексовски постигна регуларен и чист како солза гол за Кит Го против тимот на Тиквеш

Откако малку стивнаа бурните реакции за наводно некоректно судење на ,,Истокот,, со коментар се јави генералниот секретар на ФК Кит Го, Јованче Пилешков. Прегледувајки ја снимката констатација на Пилешков е дека голот на Дарко Алексовски постигнат директно од слободен удар е чист како солза. Само лошата поставеност на помошниот судија не може да биде изговор за жестоката реакција на играчите на Тиквеш, а по исправната одлука на главниот судија голот да го признае за регуларен. Тоа се случува во 11 минута од натпреварот со непријатни сцени недолични и за некои играчи како и за тренерот на Тиквеш Раде Цицмиловиќ кој според зборовите на Пилешков претрчал половина терен за да ја подгрева атмосферата за што од судијата, тој и фудбалерот Ванчо Шиков оправдано добиваат жолт картон. Ако според Тиквеш судијата се наведува како виновник за лошата ,,свирка,, како да се оправда моментот кога по само 6 минути за грубиот старт на Шиков по кој би требало да добие директен црвен картон, тој останува неказнет , иако веќе беше пожолтен. Јованче Пилешков наведува дека Кит Го како организатор превзел мерки натпреварот да мине во коректна и фер атмосфера, но тоа не било испочитувано од гостинската екипа. Иако ФФМ сигнализираше натпреварите да се играат без публика во Пехчево допатувале група навивачи од Кавадарци кои откорнале дел од столбовите и заштитната ограда а и по самиот град имало испишано недолични графити. Со еден збор нагласува Пилешков, Кит Го коректно одиграл и нема никаква замерка за израмнувачкиот гол на Тиквеш во 82 м. со што бодовите се поделени, ниту пак има коментар за судењето оставајки за тоа да си расправа судиската организација. Првенството во Втората лига Исток продолжува во Сабота кога екипата на Кит Го ќе гостува на тимот на Каменица Саса.

Драги Герасимов – Пушка