
Граѓаните потрошени, пари нема, а нема ниту народ. Вака денеска продавачите го оценија пазарниот ден во Кочани. Велат дека кочанчани купувале за празниците, сега веќе побарувачката е сведена на минимум односо се купува само она што е најнеопходно. Цените се исти како и минатата година овој период, а не очекуваат до крајот на месецот ситуацијата значително да се подобри. Денешниот неработен ден не придонесе за луѓето да го посетат пазарот, а проблем беше и ветерот па ги немаше ниту постоечките редовни тезги.
Граѓаните велат за разлика од самопослугите, цените на пазарот се прифатливи за нивните буџети. Имаше и такви за кои и денешниот пазар беше скап.
Денеска на пазарот во Кочани најмногу се бараше сезонското овошје и зеленчук, а се нудеа и домашни јајца по 10 до 12 денари.
Лаура Стојанова М-Нет