Голема полициска акција утринава против нарко-подземјето, Штип меѓу градовите опфатени со акцијата

Голема полициска акција утринава на повеќе локации низ државата, против нарко-подземјето .

Со засилено присуство и специјални единици на терен, претреси се спроведуваат во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец.

Според неофицијални информации, акцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

На удар е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин, при што се вршат претреси на околу 15 локации и се опфатени повеќе лица.

Неофицијално, меѓу приведените се споменуваат и лица познати во криминалните кругови, но од институциите засега нема официјална потврда.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Иван Митев, М-Нет