Голема благодарност упатија граѓаните од месноста Света Недела до штипскиот градоначалник Јорданов

После 15 години започнува реконструкцијата на улицата во месноста Света недела. Жителите на месноста за М-Нет телевизија посочија дека ова е историски момент за паметење за нив бидејќи после подолго време на заборав, кончено во програмата за реконструкција на градоначалникот Иван Јорданов се наоѓа и оваа улица која е заборавена со години. Доаѓа моментот кога жителите ќе зачекорат по асфлат наместо досегашната кал.

„Се заблагодарувам на градоначалникот и за изведувачите на овој пат кој што се наоѓа во месноста Света недела, значи голема благодарност после 15 години да може нешто да се гради, еве се прави патото кракот кој што беше многу калив, асфалтот се полнеше со кал каде што не можеше нашите деца да поминат. Сега го прават, асфалтираат. Но овде веќе почна Иван Јорданов да го бетонира првио крак, го бетонира местото кај Панко Брашнаров, нашиот крак го бетонира“ вели Пашиов

Велат дека ова е од особено значење за нив бидејќи на оваа улица минуваат многу автомобили. Особено ситуацијата знае да биде полоша кога врне дожд и тогаш тие се приморани да газат по калта. Сега доаѓа моментот кога конечно ќе се урбанизира оваа улица

„Благодарност до градоначалникот што ги напрравија нашите краци тука. Редно, да тука минат ногу возила само тротоарите да ги напраат“ изјави Ибрилов

Во периодот кој следи се планира да се направат бараките како и тоа да се направи парк за најмалите за играње бидејќи досега нивните родители морале да ги носат по парковите во Дузлак и Сењак

Лаура Стојанова, М-Нет