Гевгелија непоразен лидер, тимот на Винеам од Виница трет во Аматерската кошаркарска лига

Со седум одиграни кола во Аматерската кошаркарска лига или трето по ранг на натпреварување есенски шампион е тимот на Гевгелија со максимални 14 бодови односно има седум од седум.

На второто место ќе презими тимот на Шар Планина со ефект пет – два и 12 бодови, а пак Винеам од Виница е трет со ефект четири – три и 11 бодови, колку што има и ИБА Скопје тим кој е четврти.

На петтото место е Хераклеа со десет бодови, три победи и четири порази, а пак Чаир е шести со девет бодови, колку што има и Конзули од Битола кој е претпоследен.

На дното од табелата е екипата на Дибра Еаглс која има учинок од дна победа и шест порази и со осум бодови го зазема последното осмо место на табелата.

Во однос на самата статистика најмногу поени има тимот на ИБА Скопје со постигнати 551 поен, втор тим со најмногу поени е Винеам од Виница со 536 поени, а пак непоразениот лидер Гевгелија има 535 постигнати поени. Во однос на одбраната најмалку примени поени има Гевгелија 451.

Во однос на негативниот биланс истиот го држи Дибра Еаглс со 450 постигнати поени што е најмалку, но и со најмногу примени поени вкупно 609 за минус 159 поен разлика.

Александар Ванев, М-Нет