Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со удари од 60 километри на час. Во понеделник и деновите што следуваат, ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Текстот Времето утре: сончево со мала до умерена облачност, ќе дува засилен ветер од северен правец е превземен од МАКФАКС.