
Во вкупно 150 училишта продолжува работата со едносмеснката настава. Министерката за образование Јаневска најави дека во новата фаза ќе започнат активности во уште 25 училишта, дел од нив со поголеми градежни зафати кои ќе се протегаат и во наредната година. Целта, според неа, е јасна – повеќе време за активна и здрава средина за учениците, помалку време пред екрани.
,,Веќе во 150 училишта има едносменска настава и таму поминавме без или со многу малку градежни интервенции во пет сигурно почнуваме. Оваа година очекувам да започнеме со работи во 25 училишта, кои секако ќе бидат подолготрајни и ќе преминат и во следната година.Спроведувањето на едносменската наставаа е поврзана со процесот на оптимизација, а тоа не е лесен процес, тој е почнат и добро се одвива и понатаму ќе се одвива. Јас верувам дека најголем дел ќе успееме да го завршиме во еден мандат, но верувам дека и тие што ќе дојдат после нас ќе го продолжат, затоа што тоа е исклучително важно за квалитетот на образованието и во корист на учлениците. Владата вложува за да учениците имаа физичка и психичка активност, бидејќи тие поминуваат многу време таму каде што не треба, а тоа се технолошките уреди “, рече Јаневска
Владата и министерството и понатаму продолжуваат со активнсотите, како на доградба на училиштата, така и во изградба на нови спортски сали и се друго што е неопходно за учениците, додава Јаневска. Децидна дека заедно со општините ќе се придонесе за квалитетно образование
,, Оваа година продолжува со активности, како на доградба на училиштата, така и изградба на спортски сали и се друго што им е неопходно на учениците, заедно со општините.“, додава Јаневска
Инаку, со едносменската настава, министерката како што и претходно потенцираше се очекува да се достигне висок квалитет во образованието. Покрај што учениците ќе можат квалитетно да се образуваат, ќе можат и повеќе да се социјализираат и дружат со своие сокласници и пријатели. Идејата е да се достигне ниво кое што ќе биде приближно со Европа.
Иван Митев, М-Нет