
Спомен обележје ќе добие револуционерот Тодор Александров. Во неговото родно штипско Ново Село ќе биде се предвидува да биде поставено спомен обележје кое ќе сведочи за ликот и делото на овој револуционер. Советниците во Советот на Општина Штип дадоа зелено светло на последната седница за реализација на овој проект.
„Согласно оваа одлука спомен обележјето се предвидува да биде поставено на локација во Ново Село, родното место на Тодор Александров, на улицата Кеј Димитар Влахов“ – вели Панајотов.
Спомен обележјето ќе биде човечка фигура во стоечка положба во натприродна големина, на која ќе бидат напишани името и презимето на Тодор Александров како и годините на неговото раѓање и загинување.
„Изгледот на спомен обележјето треба да биде човечка фигура во натприродна големина која го одразува ликот на револуционерот во стоечка положба. Фигурата ќе биде изработена од материјал полимер во подножјето на истата ќе биде запишано неговото име и презиме како и годината на раѓање и неговата смрт.“ – додава Панајотов.
Подигањето на спомен обележјето ќе се реализира од страна на вајарот Далибор Николовски, а средствата ќе бидат обезбедени од Македонското патриотско здружение „Мише Развигоров Штип“. Чествувањето на загинувањето на Тодор Александров ќе биде на 30 август.
Лаура Стојанова, М-Нет