
Во пресрет на празникот „Свети четириесет маченици“ Младенци кој се слави на 22 март традиционално во Штип се организира молебен, или се водат невестите на црква. Имено, брачините парови кои направиле венчавка во периодот од Младенци минатата година до Младенци годинава во понеделник може да ја посетат Градската црква „Свети Никола“ во Штип за да бидт благословени.
„Во пресрет на празникот „Свети четириесет маченици“ Младенци, традиционално во Штип се организира молебен за сите оние кои стапиле во брак минатата до оваа година, меѓу двата празника. Ги покануваме сите оние млади брачни парови во понеделник во 17 часот во градската црква „Свети Никола“ во Штип да дојдат, да ги донесат двете бели свеќи што и се останати, да донесат една погача и едно шише црно вино да и се благослови“ – кажа Јанев.
Инаку, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.
Лаура Стојанова М- Нет