
Утре ќе се одиграат натпреварите од вонредното 10. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност да проследат два натпревари преку ексклузивен пренос само на М Нет телевизија и М Нет Спорт.
Дербито во Гевгелија го играат Кожуф и Арсими, кое всушност ќе биде реприза на натпреварот од првото коло од Купот на Македонија, кога тимот од Чегране се радуваше на триумф, но сега ситуацијата е поинаква и дербито во Гевгелија ќе има сосема друг сјај.
Трите бодови се императив и за двете екипи кои сакаат да се наметнат за третото место и баражот за Прва лига. Кожуф на домашен терен игра одличен фудбал и статистички е многу добар, но од друга страна Арсими е исто така силен тим во гости и тоа го прави овој меч да биде вистинско дерби за трите бодови.
Двете екипи имаат одличен напад и тоа исто така нуди шанса за погодоци во Гевгелија, а во однос на меѓусебните дуели двете екипи се пет пати играле меѓусебно, четири во лигата еднаш во Купот, а од истите Кожуф само еднаш бил подобар, а пак Арсими четири пат славел над тимот од Гевгелија и тоа ќе биде причина плус Кожуф да ги освои трите бодови.
Преносот од Гевгелија на М Нет ќе започне во 13 часот.
На М Нет Спорт ќе стартува натпреварот меѓу „фенерџијата“ Вардарски и Башкими, гостинот од Куманово е апсолутен фаворит, во однос на Вардарски кој и натаму нема триумф, па ќе се бори за првото сезонско славје.
Во Богданци се случи и тренерска промена на местото на Васе Беќаров дојде Ѓоре Јовановски кој дебитираше со пораз од Охрид, а сега против Башкими ќе биде исклучително тешко, па искусниот стратег ќе мора да прави тактика за победа.
Преносот од Богданци на М Нет Спорт ќе започне во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет