Во ЖИВО на М Нет: Детонит Плачковица – Охрид, четврток 15:30 часот

Утре во Радовиш ќе биде одигран одложениот натпреварот од 2. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Детонит Плачковица и Охрид, меч кој ќе го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 15:30 часот.

Радовишани имаат два порази во низа и против Охрид ќе мора да изнајдат начин како до позитивен резултат, со цел да не влезат во резултатска криза, а од друга страна пак Охрид сака само три бода со цел да се врати на првото место по поразот од Пелистер. Натпреварот има капитална важност и за двете екипи.

Овие две екипи досега девет пати се соочиле меѓусебно, осум пати во рамките на Втора лига и еднаш во Купот. Епилогот е пет победи за „рибарите“, три победи за радовишани и еден меч заврши без победник. Два натпревари во меѓусебните пресметки завршиле со минимални победи од 1:0, мечот без победник беше со резултат од 1:1, а на сите останати средби биле постигнувани од два до пет гола.

Гледајте го натпреварот од Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид, четврток од 15:30 часот на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет