Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Вардар Неготино, сабота од 14 часот

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Гледачите на М Нет телевизија ќе имаат ексклузивна можност да го проследат натпреварот меѓу Брегалница и Вардар Неготино од 9. коло на Втората фудбалска лига.

Натпревар каде што Брегалница е апсолутен фаворит против Вардар Неготино кој е во голема резултатска криза. По ремито во Радовиш штипските „сини“ немаат право на грешка и мораат да стигнат до триумф, но притоа да покажат и добар фудбал, конкретен со доминација на теренот и повеќе погодоци како главни фаворити за Прва лига.

Вардар Неготино во Штип не доаѓа со бело знаме, има притисок за позитивен исход и оди на се или ништо на оваа за нив тешко гостување.

Правдата на мечот ќе ја дели Бењамин Ќерими од Скопје, а преносот на М Нет телевизија ќе започне во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет