
Првото коло од новата сезона во Трета лига – Север ни го носи и големото дерби, уште од самиот старт на сезоната дерби на две екипи со амбиции за натпреварување во повисок ранг.
Дербито на БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, соочување за трите бодови, за победа и за освојување на посакуваното прво место на крајот од сезоната кое води во баражот за можен пласман во Втора лига.
Екипи кои по квалитет заслужуваат да бидат во Втората лига, екипи кои и во минатата сезона покажаа квалитет, добар фудбал и вложуваа сериозни финансиски средства.
Денес, во 11 часот првото соочување на ривалите БВК Коњаре и Шкендија Арачиново, дерби кое ексклузивно само на М Нет телевизија ќе може да го следите во живо преку директен пренос.
Александар Ванев, М-Нет