
Охридскиот прволигаш Воска Спорт прави комплетен ремонт во своите редовите, откако беше прекината соработката со шест играчи.
Станува збор за голманот Хадис Велии, како и за фудбалерите Фати Исмаиљи, Бесар Исени, Александар Ѓорѓиески, Бујар Хајдари и Сикиру Олатубосун.
Од клубот им се заблагодарија за досегашната соработка и им посакаа многу среќа во кариерите.
Воска Спорт е на деветтото место на табелата со 20 бодови, а пролетниот дел го отвара на Чаир против Шкупи.
АВТОР: Александар Ванев