
Светиот извор на Св. Петка Параскева, кој е лек за спасение и исцеление на луѓето, се наоѓа наблизу карбинското село Аргулица, на само 15 км од Штип. И пак по божја промисла и онака како што Бог милува, ктиторот тетка Верче од селото, на сон ја сонувала Св. Петка, која неколку пати на ист начин ја посочувала да ја извади и изгради светата вода за нејзе. А тетка Верча, чиста, мила и добра, а тоа го кажуваат и нејзините очи. Вели дека и таа од мака е овде и со чиста вера и љубов се труди достојно да служи на водата и да помага така како што ја учеа светиите.
Овде со љубов, на заслугата доаѓаат луѓе од секаде и со песна и плетат венец на светијата. Со шарени китки од сите градини и бавчи и босилек, набран од сите краеви на државата.
Овде порај на празниците на Св. Петка, се доаѓа и на празникот Св. Недела Воскресенска, но и на Руса Среда, кога е преполовението.
Инаку, овие води, немаат отавено аманет точно од што лекуваат, ама овде доаѓаат сите ширум државата за различни потреби и како што вели народната си наоѓаат аман за спас и исцеление.
Иван Митев, М-Нет