
Вчера околу 18.00 часот бил нарушен јавниот ред и мир во село Стар Караорман, штипско, со физички напад од страна на Р.Т.(39) над Ј.Ј.(48) од село Стар Караорман. По комплетирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пријава во СВР Штип има и за нарушување на јавниот ред и мир на ул.„Панко Брашнаров“ во Штип. Двајца штипјани Б.Н.(40) и Д.И.(38) прво започнале вербална расправија поради нерасчистени имотни односи, која прераснала во физичка пресметка. Интервенирала полицијата, од каде информираат дека по комплетирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.