Вардар ги одреди цените на влезниците за хуманитарниот натпревар со Црвена Звезда, кој ќе се игра настраданите од трагедијата во Кочани

Фудбалскиот клуб Вардар сподели информации за продажбата на билетите за закажаниот хуманитарен натпревар кој ќе се игра против Црвена Звезда во Скопје, на Националната арена „Тодор Проески“ на 16. април.

Висината на билетите за јужната и северната трибина ќе чинат 200 денари, додека пак на западната и источната ќе се продаваат по цена од 100 денари.

Како што информираат од клубот билетите ќе се продаваат исклучиво преку платформа, исто како што Фудбалската федерација на Македонија продавава за мечот со Велс.

Сите собрани средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за жртвите и повредените во големата трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а голем број на лица се хоспитализирани во болниците во Македонија и во странство.

Од фудбалскиот клуб Вардар, исто така најавија бесплатен влез за сите деца од основните училишта од Кочани.

Александар Ванев, М-Нет