
Фудбалската федерација на Македонија го прифати барањето, натпреварот од 2. коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Арсими ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип.
Навивачите на „сините“ исто така бараа овој меч да се игра под рефлектори, а клубот од Штип го адресираше барањето до „Куќата на фудбалот“ со што истото е прифатено и во Штип ќе се игра прволигашки фудбал во вечерен термин.
Натпреварот е закажан за 8 август (сабота) до 19 часот, меч каде и двете екипи ќе ја барат првата сезонска победа, откако сезоната ја отворија со порази.
Инаку, познати се термините за сите натпревари од втората рунда. Колото се отвара во петок со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс од 17 часот, в сабота се игра дуелот мешу Башкими и Тиквеш од 17 часот, како и мечот во Штип од 19 часот.
За недела се резервирани два натпревари од 17 часот. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје се игра дербито на колото меѓу конкурентите за титулата актуелниот шампион Вардар и вицешампионот Шкендија, а пак во Автокоманда на стадионот „Железарница“ се игра мечот меѓу Скопје и Струга Трим Лум.
Александар Ванев, М-Нет