Брегалница е подготвена за нови три бодови: „Сините“ ќе имаат полн стадион поддршка, Башкими го очекува „пекол“ во Штип

Вечерва на Градскиот стадион од 19 часот ќе се одигра натпреварот од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Башкими, каде „сините“ на Никола Кузманов цела само на три бодови, а со тоа да се стигне и до втората сезонска радост.

Градот под Исарот е мобилизиран и се очекува полна трибина и силна поддршка за фудбалерите на Брегалница. Башкими во Штип доаѓа во лоша форма со три порази од толку натпревари, а гостинот од Куманово е единствениот тим во шампионатот кој нема освоен бод, а нема постигнато ниту гол.

Сепак, „сините“ се внимателни и не оставаат ништо на случајност, изминатите денови маскимално се подготвуваат за мечот со Башкими.

Ако се знае фактот што Штип секогаш има полна трибина и силна поддршка од навивачите, тоа значи дека Башкими го очекува гостување на „жежок“ терен каде тешко се освојува бодови.

Доне Ристовски од Гевгелија ќе биде задолжен да ја дели правдата на натпреварот кој стартува во 19 часот, а влезот е 100 денари.

Александар Ванев, М-Нет