ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати.
Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати, вели Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на прес-конференција.
Според неа, значаен дел од Реформската агенда е дигиталната трансформација, област во која Македонија веќе бележи конкретен и мерлив напредок.
Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени, кажа таа, 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.
Тоа, како што оцени, се средства кои доаѓаат поради исполнети обврски.
„Ова е суштината на пораката дека Македонија забрзува. Забрзува во реформите, забрзува во дигиталната трансформација и забрзува во испораката на резултати за граѓаните.
Дигиталната трансформација значи конкретна промена за граѓаните од услуги без непотребно чекање, до помалку бирократија, поедноставни процедури и институции кои работат побрзо и поефикасно. Токму тоа го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.
Разликата е јасна, додава таа.
„Имаме конкретни чекори, испорачуваме реформи, создаваме систем и градиме држава којашто е сервис на граѓаните.
Македонија мора да биде држава која не ги оптоварува граѓаните, туку им го олеснува секојдневието.
Текстот (Видео) Бојковска: Преку Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација е превземен од МАКФАКС.