Борачите Нуров и Егоров ги дознаа своите противници на СП во Норвешка

Тренерите Бобан Данов и Седат Бафтијар утринава отпатуваа за Осло,Норвешка каде што во тек е СП во борење а откако синоќа во Скопје го следеа ждребувањето за текот на боречките натпревари. Така ждрепката сакаше борачот Владимир Егоров во својата категорија од 57 кг. за противник да го добие Парк од Кореја, додека Мугамедгаџи Нуров во категорија до 97 кг. за противник ќе го има Красаускас од Литванија. Македонските борачи за ова првенство напорно се подготвуваа во Русија со руските репрезентативци и од таму отпатуваа за Осло, Норвешка. Владимир Егоров својата борба против Парк ќе ја одржи на 3 октомври, додека пак Могамедгаџи Нуров на 4 октомври ќе се сретне со литванецот Красаускас.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk