
Боречкиот клуб Олимпија од Штип постигна големи резултати изминатиот викенд на силен Меѓународен турнир во Трикала, Грција, каде штипскиот клуб го освои првото место во екипен пласман за двојки и второ место за момчиња, што е огромно достигување за боречкиот клуб од Штип. Дополнително Олимпија од Грција носи и многу медали, односно еден златен, четири сребрени и еден бронзен медал.
Тодев за М Нет истакна дека конкуренцијата на турнирот во Грција била прилично голема.
Андреа Нисева се закити со златниот мелда, сребрени медали освои Марија Нисева, Дарко Коцев, Филип Тодоров и Лука Николов, а пак Анастасија Трајчева имаше бронзен медал.
Токму Тодоров кој освои сребрен медали во категоријата до 68 килограми вели за М Нет телевизија истакна дека конкуренцијата била тешка.
Коцев кој во категоријата до 57 килограми се закити со сребрен медал вели дека ќе продолжи уште повеќе да работи за уште поголеми успеси во иднина.
На овој силен Меѓународен турнир учествуваа борачи од Македонија, Грција, Романија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Молдавија, Таџикистан и Словачка.
Александар Ванев, М-Нет