Билјард клубот Штип на 27 април организира нов турнир – целта на ваквите турнир е промоција на билјардот како спорт во Штип

Билјард клубот Штип за недела (27 април) организира нов турнир, кој ќе има за цел промоција на билјардот како спорт во Штип.

Овој клуб е прв професионален клуб за овој спорт во Штип, а веќе истиот број 13 членови. Интересот се зголемува, а клубот ќе организира нов турнир за кој веќе пријавите се во тек.

„Моментално бидејќи имаме само една маса и турнирот е веќе објавен, за учесници од Штип. Тој ќе се одржи на 27 април, недела, од 10 часот. Вообичаено трае до полноќ, бидејќи за сега имаме 10 играчи, се надеваме дека ќе порасне бројот“, вели Донев.

Секој кој се чувствува подготвено за учество на еден ваков турнир може да се пријави, вели Донев во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија.

„Значи нема лимит за години, нема лимит за пол, така што секој кој се чувствува убаво и подготвена да учествува на турнир во овој спорт слободно може да не контактира, потоа ние ќе му објасниме“, дополнува Донев.

Овој турнир кој засега се од локален карактер се организираат за промоција на билјардот како спорт, со што сите кои се заинтересирани за овој спорт ќе имаат можност одблиску да се запознаат со истиот.

„Да, точно така ова е плус промоција, сакаме овој спорт во нашиот град да прерасне во нешто повисоко. Затоа се трудиме со се ова што го организираме да се дознае во нашиот град, еве вие како телевизиски медиум многу ни помагате и навистина добиваме повици и пораки“, додава Донев.

Клубот се развива, бројот на членови се зголемува, а овој спорт не познава граници и е наменет за секого.

Александар Ванев, М-Нет