Бесперспективноста на младите во Штип – фокус на денешната прес – конференција на Левица

Револт од бесперспективноста на младите во Штип искажаа денес на прес – конференција кандидатите за советници од политичката партија Левица. Носителката на советничката листа, Сенада Ибраимова, земајќи за пример промотивно видео на премиерот Зоран Заев од 2017 година, посочи на недостатоците во градот на културно ниво.

„На еден собир, односно средба со младите, им ветува работи кои воопшто не се исполнети. Им ветува бесплатни кина, спортски сали и студентски град. Денес сме свесни дека во Штип не постои ништо од културна институција во којашто младите ќе можат да се надградуваат и да имаат свој просперитет. Штип е претворен во град каде што има само кладилници и обложувалници. Штип во едни подобри времиња каде што младите можеа да се надградуваат културно и социолошки“, посочи носителката на советничката листа.

Ибраимова додаде дека Штип како културен град не може да остане во сегашната безнадежна состојба, со затворени и нефункционални културни објекти, неисполнети ветувања и нови лаги.

„Единствена манифестација која остана во Штип, која се брои како манифестација, меѓутоа според нас тоа е претворено во бизнис релации со политичарите и бизнисмените, е „Макфест“. Пред две недели, чинам, беше овде „Макфест“, каде што бевме сведоци на една иронија. Спонзор на овој „Макфест“ беше дедото на актуелниот градоначалник, „Баргала“ – фабрика која оди во стечај и остава на улица секој ден работници. Така што тука за Штип можеме да зборуваме само за испревртени вредности кои ги наметнаа политичарите овие години“, додаде ИбраимоваИзјава од 03:35 (единствена) до 04:19 (години)

Од Левица испратија апел до младите да се вклучат во борбата за заедничката иднина. На овие локални избори во својот состав имаат кандидати за 38 општини.

Ребека Спасова МНет