Без регистри, рана детекција и помош – како живеат лицата со аутизам и нивните родители во државата?

Без регистри, без рана детекција, без помош од државата – на светскиот ден на аутизамот, родителите на деца со аутизам на виделина вадат проблеми кои и после многу години се уште не се решени. Бројот на нови случаи на деца со аутизам постојано расте, но тој број е непознат оти регистри нема, родителите стареат, а на децата нема кој да и пружи грижа. Зоран Мијалков вели дека решение мора да бараат сами.

„Ние во суштина 1 април го сметаме како ден на лицата со посебни потреби затоа што со години се лаже дека нешто ќе се направи. Како може да се вети решение на нашите проблеми, кога нас не не консултираат? Еве и да не консултираат ние немаме регистри, не се знае колку деца со аутизам има оти нема регистри.“ – вели Мијалков.

Системски во државата ништо не се прави и тоа е вистински проблем за лицата со аутизам, но и со останати ретки болести. Мијалков вели помош мора да бараат сами и тоа од странски држави. Додава дека како родител на деца со аутизам е многу тешко да помине денот и да се надминат сите предизвици со кои се соочуваат.

„Тешко е, бидејќи еве во мојот случајо конкретно ако не е мајка ми јас треба да напуштам работа. Тоа значи дека од работоспособен ќе бидат социјален случај. Затоа ќе им порачам на сите родители кои имаат мали деца со аутизам мој совет е да се иселат во некоја нормалана земја.“ – додава Мијалков.

Вели дека и овојпат се надеваат дека работите ќе се поместат од мртва точка со што ќе се пружи помош за овие лица и деца, со цел да не мора своите права и заштита да бараат во друга странска држава.

Лаура Стојанова М-Нет