Багер горел во Делчево, пожарот изгаснат, повредени нема

На 06.10.2025 околу 03:50 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Делчево настанал пожар во паркирана работна машина-багер, при што делумно била зафатена кабината. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.