Албанија најбарана летна туристичка дестинација оваа година

Започнаа плановите за летни одмори. Со стивнување на ковид пандемијата и олабавување на мерките, се забележува и зголемен  интерес во туристичките агенции за планирање на одмори. Во кочанската туристичка агенција „Авто Атом“ најголем интерес граѓаните покажале за летување во Албанија, Грција.

„Официјално започна летото, па така и нашите клиенти почнаа да се интересираат за летните аранжмани. Оваа година најголемиот интерес е за Албанија и за Грција.“ – кажа Олгица Захариева.

За граѓаните кои сакаат да летуваат кај јужниот сосед има одредени услови кои треба да бидат исполнети, кои стапија на сила на 19 јуни а се согласно мерките за заштита од Ковид 19.

„За Грција да ги напоменеме новите мерки кои стапија на сила на 19 јуни. Оттогаш во Грција може да се влезе со брз антиген тест, со сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест, а тест се бара и за дечињата над 12 години“ – додаде Захариева.

Актуелни понуди има доста, ангажманите се достапни за граѓаните и нивниот Буџет, и најмногу пакети има за дестинации во Албанија.

За оваа летна сезона не изостануваат и понуди за домашниот туризам, со што се нудат понуди и за посета и летување во македонските туристички места.

Освен во овие туристички места како најбарани, ангажмани и понуди има и за сите останати летни туристички места кои можеби за вас преставуваат поскаувана летна дестинација.

Лаура Стојанова М-Нет