
Штипјанецот Мартин Миленковски одлично го чува голот на Каменица Саса, 19-годишникот на последниот меч од 6. коло на Втората лига со одлични интервенции ја сочува чиста мрежата и обезбеди бод за Саса во дуелот со Новаци кој заврши без погодоци 0:0.
Миленковски во второлигашот од Македонска Каменица пристигна од редовите на Брегалница, а низ своја кариера беше дел и од Кит Го.
Миленковски од шестте натпревари во Втората лига и едниот натпревар од Купот на Македонија или од вкупно седум натпревари, на три натпревари ја чуваше мрежата и се покажа како клучен.
На натпреварот од Купот на Македонија од првата фаза, кога Саса беше елиминирана во пенал рулетот од Шкендија Арачиново во Куманово се покажа доста клучен имаше одлични интервенции, а имаше и одбрането пенал во првиот дел на мечот, кога Миленковски одлично го прочита ударот од белата точка на Александар Ѓорѓиески.
Во рамки на Втората лига, на мечот од 4. коло Миленковски го чуваше голот на Саса во голеадата која „рударите“ ја добија против Вардар Неготино во гости на „Цвај арената“ од 1:8, а пак на мечот со Новаци, Миленковски се покажа одново на висината на задачата имаше чиста мрежа и обезбеди бод за својот тим.
Каменциа Саса во следното коло на домашен терен ќе игра со Тетекс во клучен натпревар кој доколку „рударите“ го добијат против „штофарите“ ќе може да напредуваат за една позиција, но притоа и да се зацврстуваат на средината од табелата.
Миленковски е во одлична форма и очекувано би било да биде стартер на мечот со Тетекс, кој се игра во Македонска Каменица во сабота.
Александар Ванев, М-Нет