
Новата сезона во кошаркарската Суперлига стартува на 3 октомври со мечевите од првото коло. Суперлигашката карта на Македонија се пропиши и на Истокот со тоа што ќе има екипи од Струмица и Штип, а одново најмногу екипи ќе има од главниот град тоа се шампионот МЗТ, Скопје, ТФТ и Работнички.
Во рамките на првото коло новајлијата Штип ќе се соочи со Тиквеш на домашен терен во новата сала „Џексон“.
Новиот суперлигаш Струмица, кој минатата сезона беше шампион во Првата лига на домашен терен ќе игра против Работнички, Пелистер го очекува дерби меч на домашен терен против ТФТ.
Тимот на Скопје на домашен терен ќе се соочи со амбициозниот Кожув, а пак МЗТ Скопје Аеродром ќе игра со МКК Куманово.
Во однос на самиот распоред на ГКК Штип, во второто коло штипјани ќе гостуваат кај Куманово, а потоа во рамки на третото коло ќе имаат исклучително неизвесен предизвик против Кожув.
Во четвртото коло Штип ќе гостува кај ТФТ, а пак петтото коло во „Џексон“ носи дерби на Истокот меѓу Штип и Струмица. Потоа штипјани ќе гостуваат во Битола кај Пелистер, а потоа дома ќе играат со Скопје.
Во рамките на осмото коло Штип ќе гостува кај шампионот МЗТ, а во последното коло на домашен терен Штип ќе го пречека Работнички во рамки на деветтото коло.
Александар Ванев, М-Нет