Шампион Струга Трим Лум се засили на голм анската позиција со Филип Дујмовиќ

Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига екипата на Струга Трим Лум го промовираше Филип Дујмовиќ од Босна и Херцеговина како нов голман.

Станува збор за 25-годишен голман кој доаѓа од екипата на Железничар од БиХ, каде беше втор голман изминатите шест месеци, без ниту еден настап. Оваа сезона имаше само еден настап во Романија за тимот на Динамо Букурешт.

Новиго голман на Струга Трим Лум кариерата ја има започнато во Железничар настапувајќи за тимот до 19 години, потоа заминува во тимот на Адана Демирспор настапувајќи за У-21 тимот, во Босна настапуваше за Младост Какањ, а пак во Србија настапуваше за Спартаник и Ранички Ниш.

Струга ќе игра квалификации за Лигата на шампионите, лани стигна до „плеј-офот“ и беше на чекор да заигра во Конференциската лига, а оваа година Струга ја одбрани тутилата во домашното првенство.

Александар Ванев, М-Нет