
Купувањето залихи им дава сигурност на луѓето барем на одреден период, смета психологот Ана Чучкова. Меѓутоа, според неа, истото не секогаш се одвива рационално, туку почесто се трошат пари на нешта кои не ни се потребни. И сето ова води до идејата – луѓето да си помогнат сами на себе во време на криза.
„Луѓето бараат сигурност. Купувањето на залихи нуди некоја сигурност да се почувствуваме мирни дека барем уште некој период ќе имаме нешто од залихите. Е, сега, дали рационално се купува? Често се трошат пари на работи коишто не ни се потребни, но тоа пак е работа на нашиот авторитет, на некој начин да создаде протоколи за тоа што ние е потребно а време на криза“, образложува Чучкова. =
Како што додава таа, претрупаноста од информации создава неспособност за селекција на тоа што е точно, а што неточно. Улогата на медиумите не е да креираат лажни вести, вели таа, а најчесто тие лажни вести произлегуваат од социјалните мрежи. И токму тоа рационално споделување на секоја вест, може да помогне во селекцијата.
„Социјалната психологија се занимава со масовното однесување. Јас вака велам: ние неколку години слушаме и сме пренатрупани со многу информации од коишто веќе сами не можеме да селектираме што е вистина, а што невистина. Некако, три години имаме екрани пред нашите очи, бевме и затворени дома т.е. изолирани, на некој начин нашите сетила беа изолирани од реалноста, така што културата во медиумите треба да се покачи. Треба да се размисли како се споделуваат вести, одговорноста на медиумите би требало малку да се разбуди. Де факто за да се случи еден паничен напад, еве, кај една индивидуа се случува паничен напад кога ќе се загуби авторитетот или кога авторитетот нема да го чувствуваме како сигурен“, додава Чучкова.
Како што додава Чучкова паничните и масивните панични напади настануваат со недостаток на сигурно тло под нозете и без разлика дали веста е точна или не, истата секогаш ќе ги допре луѓето.
Ребека Спасова М-Нет