
Промена на водата неколупати во текот на денот, повеќе зеленчук и овошје, животните во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип со посебен третман во летниот период се со цел полесно да се справат со високите температури. Зоран Божиков е ветеринар кој се грижи за овие животни и вели исто како кај луѓето така и кај животните екстремно високите температури можат да доведат до нарушување на нивното здравје. Токму затоа се грижат за нив на соодветен начин, за да не се соочат на пример со топлотен удар.
„Животните на во раните утрински часови ги изнесуваме надвор од нивните живеалишта. Имаат чиста вода за пиење, а храната е со повеќе овошје и зеленучк за подобар имунитет.“ – вели Божиков.
Дополнително на ова, од големо значење е и местоположбата и уредувањето на нивните живеалишта. Големите крошни на дрвата во ЗОО паркот „Бриони“ во Штип нудат поголема сенка и помагаат животните да преживеат, но и да можат да се рзмножуваат. Во изминатиот месец има неколку принови, а се очекувата уште неколку во наредниот месец.
„Во последниот месец имаме принови од расата диви овци, муфлони, имаме две принови од таа раса, од елен имаме, од домашни овци. За месец два очекуваме и од ламите да имаме принова.“ – додава Божиков.
Божиков апелира до сите сопственици на миленичиња и животни соодветно да се гижат за нив на овие екстремно високи температури, и да ги следат сите реакции на животните со цел да не се соочат со несакани последици.
Лаура Стојанова М-Нет