
Македонската фудбалска репрезентација одигра храбро прво полувреме против Словенија во рамките на Лигата на нации, а по 45 минути игра резултатот е 0:0.
Избраниците на македонскиот селектор влегоа борбено во натпреварот и не ѝ дозволија на Словенија лесно да дојде до својата игра.
Најсериозната шанса за Македонија дојде во 26. минута, кога Елези се најде во добра позиција, но не успеа да ја затресе мрежата на домаќините.
До паузата Македонија продолжи со дисциплинирана и храбра игра, па на одмор се заминува со Словенија 0:0 Македонија.
Во второто полувреме останува отворено прашањето дали Македонија ќе успее да го круниса доброто издание со гол и позитивен резултат од Љубљана.