Френетичен аплауз и „плави, плави“ ечеше денес на „градски“ во Штип

Ситен дождец, навивачи на нозе, бурен аплауз и силни повици „плави, плави“ го пaраше небото над „градски“ во Штип откако главниот судија Марјан Младеновски отсвири крај на денешниот натпревар Брегалница – Борец. Тешка, но сосема заслужена победа на штипските сини изразена со резултат 2:1 во услови кога велешани се до 80 минута има бод во џебот. Во таа 80 м. Марјан Алтипармаковски со „вселенски“ скок со глава просто ја закова топката во мрежата на немоќниот Рниќ донесувајќи голема радост, зачинета со вредни три бода и делење на 4 место на табелата со Ренова.

Натпреварот започна со студен туш на „градски“ откако Крста Ѓорѓевиќ постигна гол за водство на Борец од 0:1 уште во 5 м. Резултатската рамнотежа Брегалница ја воспостави во 46 м. кога Кристијан Ацковски постигна гол за резултат 1:1 и со овој резултат се отиде на одмор. Второто полувреме започна со уфрлање на двајца „џокери“ кај Брегалница од страна на Шефот Марјан Секуловски кои беа слободно ќе речеме меѓу најдобрите во вториот дел. Владимир Дујовски и Наумче Бакрачевски беа вистински двигатели и изненадувачки – одлични блокатори на опасните велешани кон голот на Денковски. Брегалница големиот притисок го круниса во 80 м. со гол на Марјан Алтипармаковски за голема радост и славје на „градски“ во Штип и за победа изразена со резулта 2:1. Еве ги комплетните резултати од денешното 15 коло:

  1. Шкупи – Струга ТЛ 4:0
  2. Пелистер – Скопје 0:0
  3. Македонија ЃП – Шкендија 1:2
  4. Брегалница – Борец 2:1
  5. Тиквеш – Работнички 2:0

Вчера: Ренова – А. Пандев 1:2

ТАБЕЛА

  1. Шкупи 35
  2. А. Пандев 31
  3. Шкендија 27
  4. Ренова 25 ( 24:14)
  5. Брегалница 25 ( 23:22)
  6. Струга ТЛ 22
  7. Македонија ЃП 20
  8. Работнички 18
  9. Скопје 17
  10. Тиквеш 13
  11. Борец 8
  12. Пелистер 5

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk