Текстилец УГД против Јехона во Штип за крај на резултатската криза, Овче Поле гостува кај Шампион

Репрезентативната пауза заврши викендот продолжуваат предизвиците во Првата ракометна лига со мечевите од деветтото коло. Дерби за бодови за врвот од табелата, некои екипи ќе бараат излез од резултатската криза, а само еден тим во обид да дојде до првите бодови.

Штипски Текстилец УГД имаше одличен старт на сезоната со четири победи во низа и го држеше првото место на табелата, но потоа следуваат четири порази во низа и тимот заврши на средината од табелата. Иако, на почетокот пред тимот од градот под Исарот беше релативно полесен распоред, а потешките натпреваари и посериозните конкуренти го направија своето.

Веќе овој викенд Текстилец на домашен терен ќе има можност да стави крај на серијата од четири порази во низа, за противник го има тимот на Јехона од Гостивар.

Гостинот во градот под Исарот доаѓа со форма од две победи во низа, а на своето конто има три победи и пет порази со шест бодови, штипјани гледаат идеална шанса да се добие тим кој има сличен ефикасен напад, но има послаба одбрана во однос на нивната. Јехона, пак се надева да врзе трета победа во низа за вкупно четири притоа користејќи ја резултатската криза на противникот.

Деветтата рунда носи две дерби пресметки. Првата во Неготино ќе биде соочување на два поранешни суперлигаши Вардар против Радовиш.

Домашниот состав со шест победи, едно реми и еден пораз го дели првото место со Пролет со по 13 бодови, а пак Радовиш го дели третото место со Драчево Јуниор со по 11 бодови.

Радовишани ќе имаат силен предизвик против Вардар Неготино, тим кој го има најдобриот напад, а ја има и најдобрата одбрана, а пак од друга страна Радовиш го има третиот најдобар стрелец во првенството, штипјанецот Васе Петров кој има постигнато 62 погодоци.

Второто дерби ќе биде меѓу Пролет и Македонија ЃП каде лидерот кој минатата сезона иако избори опстанок се откажа од натпреварување во Суперлигата и се пресели во Првата лига ќе има сериозен предизвик против Македонија ЃП која со форма од четири победи, едно реми и три порази е седма со девет бодови или само четири помалку од Пролет.

Право на грешка лидерот нема, а пак тимот од Ѓорче се надева на триумф и да се доближи до врвот.

Драчево Јуниор како апсолутен фаворит ќе гостува во Македонска Каменица, каде ќе се соочи со „фенерџијата“ Саса Сокол, дебитантот е на дното без бодови и го очекува нова тешка битка за бодови.

Аеродром како фаворит ќе гостува во Ресен каде ќе игра против Преспа, а пак Овче Поле со фаворитска улога ќе оди на гостување кај претпоследниот Шампион. Во рамки на деветтото коло неизвесен меч ќе има меѓу Партизан и Илинден во Гевгелија.

Александар Ванев, М-Нет