Татко со двајцата синови физички нападнати со дрвен предмет во Штип


На 15.08.2025 во 19:47 часот во ПС Штип Д.Е.(49) од Штип пријави дека на ул. „Пиринска“ во Штип, тој и неговите синови Т.Е. (20) и Ф.Е.(25) биле физички нападнати од двајца штипјани, кои употребиле и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.