
Денес се отвара новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со натпреварот меѓу Вардар и шампионот Крива Паланка.
Екипата на Крива Паланка ќе ја братни шампионската титула во сезона 2026/2027 откако минатаа сезона по првпат тимот стана шампиот на Македонија.
Утре ќе бидат одиграни останатите три средби. Тимот на Патриот од Делчево ќе гостува кај новиот прволигаш Гевгелија. Делчевскиот тим се надева на подобра сезона од ланската кога водеше борба за опстанок, а пак новајлијата посакува успешна сезона и остварување на целите. Мечот се игра во салата „26 Април“, а започнува во 14 часот.
Половина час подоцна во Кавадарци ќе започне средбата меѓу Пробаскет и Бадел, а пак во 20 часот МЗТ Скопје Аеродром во салата „Јане Сандански“ ќе игра со поранешниот шампион Баскет Кам од Македонска Каменица.
Александар Ванев, М-Нет