
Од Полициската станица во Свети Николе известуваат дека во текот на вчерашниот ден 29 годишниот К.С. од с. Горно Црнилиште пријавил дека неговиот сосед со иницијали И.Т испукал два истрели од воздушна пушка кон неговото куче.
Настанот се случил покрај чешмата во с. Горно Црнилиште, при што кучето на К.С. било повредено.
Извршен бил увид на местото и по комплетирање на случајот против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.