Сончев и раздвижен пазарен ден во Виница ама без побарувачка

Сончев и раздвижен пазарен ден во Виница, ама без побарувачка, велат продавачите. На пазар излегле само повозрасните, млади нема, па производите или стојат непродадени или се продаваат под реална цена. Од Струмица, Кочани, Виница и околните села продавачите децидни дека полињата остануваат празни, нема кој да работи, а веќе нема ниту кој да купува.

„Слаб пазарот денеска, слабо. Нема куповна моќ, слабо е. Од Струмица дојдевме на пазар, под цена даваме само за да продадеме. И кај нас нема веќе кој да работи, полето е напуштено, ова не е било никогаш така.“ – велат продавачите.

За купувачите пазарот скап со оглед на нивните примања и како што велат ниски пензии. Дел од нив свесни дека цените на производите согласно работата се нормални ама проблем е што не може да се купи се што е неопходно.

„Цените се нормални како секогаш, не се работе, народот се исели. Избор има, ама ние немаме пари.“ – велат купувачите.

Пазарот во Виница изобилуваште со голем избор на овошки и зеленчук, домашни јајца, ракија, мед, како и текстил.

Лаура Стојанова М-Нет