
Македонската репрезентација не успеа да го издржи притисокот на Словенија во второто полувреме, па домаќините со два гола стигнаа до победа од 2:0 во натпреварот од Лигата на нации.
По одличното и храбро прво полувреме, во кое Македонија имаше и сериозна шанса преку Елези, Словенците го отворија резултатот во 55. минута. За 1:0 погоди Ловриќ, по асистенција на Бегиќ.
Македонија се обиде да одговори, а селекторот направи неколку измени. Во игра влегоа Елези, Малески, Муслиу, Станковски и Миовски, но нашиот национален тим не успеа да стигне до израмнување.
Во 82. минута Словенија зададе нов удар. Матко, по асистенција на Штурм, погоди за 2:0 и практично го реши натпреварот.
До самиот финиш резултатот не се промени, па Македонија од Љубљана ќе замине со пораз од 2:0, иако во првото полувреме покажа храбро лице и долго беше рамноправен противник. Македонија повторно не успеа да постигне погодок.
Словенија – Македонија 2:0 (0:0)
55′ Ловриќ 1:0
82′ Матко 2:0