
Кратовскиот прволигаш Силекс промовираше ново име за пролетната полусезона. Ново име во тимот на Силекс е хрватскиот офанзивец Томислав Турчин.
Поранешниот младински репрезентативец на Хрватска во Силекс доаѓа од редовите на Сесвете, а претходно 25-годишниот фудбалер има настапувано за Цибалија, Риека, Вараждин, Б-тимот на Динамо Загреб, Хрватски Драговољац, Широки Бријег и Алуминиј.
Во Силекс претходно се засили со Стефан Милосављевиќ, Халил Мухаремовиќ, Никола Ристески, Марко Ѓоршиевски и Хамза Рамани.