Се повеќе семејства социјално загрозени во крајниот исток поради короната

Социјално загрозени семејства од крајниот исток има се повеќе на што се должи тоа? Најверојатно вонредната ситуација во економијата предизвикана од присуството на Ковид 19 што го има насекаде околу нас така да и компаниите во општините од источна Македонија не останаа имуни на него па има отпуштања и намалување на бројот на вработени. Од ден на ден се повеќе семејства бараат помош од хуманитарните здруженија. Разговаравме со Рената Николовска претседател на хуманитарното здружение „Умиление“ од Виница релативно ново формирано и почнува да работи од Божиќ оваа година и само за нецели три месеци имаат помогнато на многу семејства, претежно дејствуваат во виничко и кочанско, но Николовска кажа дека неретко ги посетуваат и другите градови од крајниот исток.

„Најмногу делуваме во Виница и виничко но има релативно голем број на семејства и во Кочани и кочанските села можам да кажам дека има 50 тина семејства овде во Виница и околу 20 семејства од Кочани и кочанско. Нашето здружение е формирано со цел да се собира првенствено храна и средства за хигиена тоа е она што е неопходно за секое семејство. Се зголемува бројот на семејства кои бараат помош од нас овој период но исто така се зголемува и бројката на донатори и наши соработници сега во оваа ситуација гледаме да излеземе на секого во пресрет.“ Рече Рената Николовска од Хуманитарното Здружение „Умиление“ Виница.

Здружението е регистрирано со благослов од митрополитот брегалнички господин Иларион и соработува со црквата и свештенството од Виница како и со црквите од регионот, им помагаат на сите без разлика на вера, политичка определба и било каква друга поделба, едноставно онаму каде што ќе се утврди дека навистина има реална потреба од помош.

„ Преку нашето здружение имаме поделено околу 30 тина уреди лап топ компјутери кои се проверени од лице кое што постојано ни помага во здружението и се дадени на користење и во моментот се работи за докомплетирање и бидат функционални уште неколку за да може да се користат. Скоро секој викенд имаме акции зависно од донациите кои ни ги донираат конкретно викендот што помина посетивме 15 тина семејства овде во Виница и во виничко село како и во Кочани и две кочански села однесовме пакети со нерасиплива храна и детергенти, а сега за предстојниот празник сме во план имаме цел да посетиме што е можно повеќе семејства.“  Истакна  Рената Николовска од Хуманитарното Здружение „Умиление“ Виница.

Да се надеваме дека оваа вонредна состојба во компаниите ќе се врати како што беше пред појавата на короната и вратат на работа луѓето кои што седат сега дома и ќе има што помалку потреба од хуманитарни пакети затоа што секого сака сам да заработува за добар живот.