
Револтирани граѓани во Штип денеска масовно излегоа на протест низ градските улици, изразувајќи поддршка за семејството Демирови, за кои, според нив, е направена тешка неправда од страна на судските органи.
Со транспаренти, извици и апели за правда, протестот заврши пред Основниот суд, каде граѓаните побараа преиспитување на, како што велат, срамната пресуда – по две години затвор за Вејсел Демиров и неговите два сина. Инцидентот се случил во 2021 година, по полноќ. Вејсел Демиров додека се обидувал да го паркира својот автомобил, непознато лице со возило пасат застанало на патот и го попречил Демиров да се паркира. Според неговото сведоштво, побарал од возачот да го помести автомобилот, но наместо тоа, започнала вербална расправија која брзо прераснала во физичко насилство. Како што раскажува Демиров, тој бил нападнат и удрен двапати. Едниот од неговите синови бил повреден во пределот на главата, а и неговата сопруга, која се обидела да ги раздели, добила удари. Семејството тврди дека било брутално претепано, но и покрај тоа, по неколу години тие добиле затворска казна.
,,2021 година, после 12 часот на полноќ, сакав да си го паркирам возилото, пред мене дојде возило пасат, а јас на возачот му реков да го повече возилото, по кое сум два пати ударен, едниот син го повреди во делот на главата, а потоа жена ми. И ми донеа пресуда по две години за мене, две за малиот и две за големиот син. Jaс од ова не сум задоволен што е донесено како одлука, на оваа пресуда и Македонија ќе се смее.“, рече Вејсел Демиров
,,Ние сме осудени без веза, без причина. Господинот тепал и го пуштија на слобода, а ние тепани и плус осудени по две години затвор и брат ми и јас и татко ми. Мајка ми тепана. Сакаме судот да мислат што прават.“, рече Имит Демиров
Правда за случајот пред камерите на медиумите, побараа и остантите присути. Велат ако денес неправда е нанесена на Демирови, утре може би ќе бидат нив
Во согласност со стиауцијата, од страна на основниот суд Штип, информираат дека пресудата е донесена на 28 мај 2025, истата е се уште неправосилна и е во фаза на рок за жалба. . Демирови заедно со своите граѓаните дополнително истакнаа дека за оваа правда ќе се борат до крај.
Иван Митев, М-Нет