
Слога Виница влегува во длабока резултатска криза откако нанижа пет порази во низа, а овој викенд во рамки на 7. коло загуби на домашен терен од Осогово со минимални 0:1.
Ваквиот резултат прави тимот од Виница да биде закован на долниот дел од табелата со само три бодови и веќе да се вклучува црвениот аларм кој ќе значи дека Слога мора да ја промени играта и да најде начин како до само втор триумф.
Детонит Плачковица ја продолжува одличната серија резултати откако дома со 3:1 славеше над Победа, а пак Скопје со убедливи 4:1 лесно го доби Вардар Неготино.
Големо Коњари стигна до првото славје совладувајќи го Кожуф на свој терен, а пак Каменица Саса мораше на крај да се задоволи само со бод против Тетекс играјќи 3:3.
Дербито меѓу Охрид и Брегалница заврши без погодоци 0:0 за делба на бодовите, а пак Новаци е во одлична форма и го доби тимот на Преспа со 0:3.
Во однос на самата табела Брегалница е прва со 17 бодови, а толку има и Шкендија Арачиново која е втора. Трета е Беласица со 16 бодови, па следува Скопје како четврти со 14 бодови.
Детонит Плачковица и Новаци го делат петтото место со по 13 бодови, следува Кожуф како седми и Охрид како осми со 12 бодови.
Деветти е Осогово со 10 бодови, Каменица Саса и Тетекс го делат десеттото место со по седум боодви.
Вардар Неготино е во зоната за испаѓање со шест бодови и се наоѓа на 12-тото место, а пак место подолу е Победа со четири бодови. Слога Виница, Преспа и Големо Коњари се во долниот дел со по три бода.
Александар Ванев, М-Нет